epa05690262 (FILE) - A file picture dated 17 November 2016 shows German footballer Bastian Schweinsteiger and his wife Serbian tennis champion Ana Ivanovic arrive at the 68th Bambi Award media awards ceremony in Berlin, Germany. Ivanovic on 28 December 2016 anounced she is ending her career. EPA/JENS KALAENE

Колапсот на љубовта меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер беше една од главните теми во 2025 година. Тие ќе се разведат по девет години брак, а, како што пишуваат медиумите во Германија, Бастијан ќе мора да ѝ плаќа многу пари на својата поранешна љубов, во форма на алиментација.

Судот наводно донел експресна одлука, па Бастијан мора да плаќа по 15.000 евра месечно за секое дете, што е повеќе од половина милион евра годишно, поточно 540.000 евра.

– По разводот, Бастијан Швајнштајгер мора да плаќа за луксузниот животен стил на својата поранешна сопруга на Мајорка. Поранешната спортска двојка живее во луксуз, а колку пари се потребни за нивните синови стана јасно на судската постапка во Мајорка, по нивниот развод. Судијата ја одреди месечната алиментација на 15.000 евра за дете, повеќе од половина милион годишно. Тоа се приближно девет просечни бруто годишни плати за вработените со цело работно време во Германија – пишува порталот „Бунте“.

Ана Ивановиќ живее со своите синови Лука (8), Леон (5) и Тео (2) во Шпанија, а гореспоменатиот портал дополнително го објаснува овој потег на судот:

– Судот ја оправда невообичаено високата исплата на алиментација поради значителните финансиски средства на Бастијан Швајнштајгер и трошоците за живот што ги имале децата пред разводот. Според судот, семејството Ивановиќ – Швајнштајгер трошело меѓу 6.000 и 7.000 евра месечно само за храна. Судот ги зел предвид исплатите за градинарот, готвачот и за двете хигиеничарки, како и фактот што секое дете има дадилка. Исто така, земени се предвид и високите приходи на Швајни, за кои судот рече дека е тешко да се утврдат бидејќи тој плаќа даноци во Германија.

Разводот може да биде покомплициран од самата алиментација, објавуваат германските медиуми.

– Ова го сугерираат некои делови од шпанските судски документи, во кои, на пример, се споменува наводната љубовница на Бастијан Швајнштајгер. Ваквите детали се правно ирелевантни во постапките за алиментација, но адвокатите понекогаш намерно ги користат за да извршат морален притисок врз спротивната страна. Понекогаш едната страна сака да го искаже својот гнев, но дури и ако ги наведе фактите, тоа нема правно дејство. Не е јасно што би можело да се случи во овој случај, дали ќе биде разводот пријателски или ќе следува спор. Веројатно, сè ќе стане јасно во текот на судската постапка во Минхен – се вели во дополнителното објаснување.

 

ИЗДВОЕНИ