Поранешниот женски светски тениски рекет брј еден Србинката Ана Ивановиќ, овие денови одмара на Мајорка, а сега реши да ги почасти своите следбеници со фотографии, кои веднаш се најдоа во центарот на вниманието.
Ана се чини дека ужива во секој момент од одморот, а доказ за тоа е што некоку дена ги чести своите обожаватели со фотографии. Србинката во последните недели поминува низ пекол поради разводот од Бастијан Швајнштајгер, но се чини дека на Ана ништо не ѝ недостасува.
Таа одлучи да го покаже тоа на Инстаграм, и јасно е дека Германецот ќе има причина да страда, иако веднаш по раскинувањето пронајде нова љубов.
Што е со имотот?
Нето вредноста на Бастијан Швајнштајгер се проценува на приближно 90 милиони евра – од неговиот трансфер од Баерн во Манчестер Јунајтед, тој собра повеќе од 50 милиони евра за само три сезони, додека Ана Ивановиќ има нето вредност од околу 20 милиони евра. Ивановиќ, исто така, има долгорочни договори и спонзорства во вредност од над 88 милиони евра, според бизнис веб-страницата „Blaze Trends“.
Нивниот последен заеднички јавен настап беше на Лејвер Купот минатиот септември во Берлин. Подоцна, тие објавија и заедничка фотографија од божиќниот пазар, но потоа беа преземени објавите на семејството на социјалните мрежи.
Почетокот на аферата
Во јуни, германските медиуми објавија дека Швајнштајгер е виден како се бакнува со наводна нова девојка, за која таблоидот тврдеше дека ја запознал преку деца што одат во исто училиште. Жената, именувана од германските медиуми само како „Силва“, е по потекло од Бугарија и патувала на Мајорка со Швајнштајгер, откако претходно престојувале заедно во Мароко. Тие биле снимени и на плажа.
СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА РАЗВОДОТ ОД БАСТИЈАН
Нивниот развод беше официјално потврден, а официјалната причина беше наведена како „непомирливи разлики“ кои, и покрај нивните напори, станаа непремостлива пречка за нивната заедничка иднина.
Ана ја објави одлуката за разделбата преку својот адвокат, кој во кратка изјава истакна дека поради почитување на приватноста, нема да дава дополнителни коментари и ги замоли медиумите да се воздржат од понатамошни шпекулации. „Најважната грижа во овој процес се децата“, беше нагласено, потсетувајќи дека нивните три сина се приоритет во продолжувањето на нивниот живот.
Гласините за проблеми во нивниот брак кружат со месеци, а како што открива извор близок до поранешната двојка, разводот бил договорен и финализиран пред Бастијан јавно да се појави со Бугарката. Информациите тогаш биле познати само на најблискиот круг на семејството, а сите правни чекори биле завршени брзо и ефикасно.
Нивните адвокати ја завршиле целата потребна документација и сега Ана и Бастијан се слободни луѓе, подготвени да тргнат по своите одделни патишта. Ана го прифати разводот со достоинство и зрелост, и не ѝ пречи слободното однесување на Бастијан, иако се сомнева дека тој го прави тоа намерно“, известува пријател близок до поранешната двојка.
Ана Ивановиќ носи костими за капење со појаси што многу жени ги избегнуваат – и таа ги избира во сите бои и изгледа како божица
Ана и Бастијан имаа три деца во заедничкиот брак – два сина родени во 2018 и 2019 година, како и најмладиот наследник, кој се роди пред две години. Иако засега нивното старателство е поделено, Ивановиќ остана во семејната вила каде што ќе продолжи да го гради својот живот со своите деца.
Станува збор за импозантен имот од речиси 950 квадратни метри, сместен на парцела од 6.000 квадратни метри, која Ана ја купи во 2008 година за 4,5 милиони евра. Вилата, изградена кон крајот на деведесеттите години, зрачи со луксуз и удобност – на приземјето има пространа дневна соба, модерна кујна со трпезарија, како и спална соба со гардеробер и бања, додека на првиот кат има четири соби со тераси и три бањи, со посебен апартман за персоналот. Во дворот, оаза за семеен живот, има базени и тениски терени, кои некогаш претставуваа идеално катче за семејни моменти и рекреација.
Нивната љубовна приказна започна во 2014 година, а само две години подоцна, на магична церемонија во Венеција, тие го кажаа судбоносното „да“. Бракот долго време се сметаше за еден од најсилните и најстабилните во светот на спортот, но животните околности и личните разлики на крајот преовладаа.