четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА АМСМ: Сите патни правци во државата се проодни

АМСМ: Сите патни правци во државата се проодни

10

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни, соопшти утринава АМСМ.

Во соопштението се наведува дека врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).

-Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје – информира АМСМ.

 

ИЗДВОЕНИ