среда, февруари 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА АМСМ: Кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода

АМСМ: Кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода

151

На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира утринава АМСМ.

Во информацијата се додава дека сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј.П Јасен ќе биде во целосен прекин во следниве термини:

Македонски Брод – Скопје од 10:30ч до 11ч. ;

Скопје – Македонски Брод од 12:00ч до 12:45ч.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100м. Стража до 80м. и Крушево до 30 метри – наведуваат од АМСМ.

МВР соопшти детали за тешка сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа кога се судрија автомобил и камион на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.

– На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР.

ИЗДВОЕНИ