
Медиумите кои важат за блиски до португалскиот гигант Бенфика ја пласираа и информацијата дека раководните лица сериозно ја разгледуваат и опцијата да стават крај на соработката со контроверзниот стручњак, Жозе Мурињо. Истите извори додаваат дека доколку се реализира таквото сценарио, челниците на Бенфика ќе се обидат да ги осигураат услугите на сега веќе поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим.











