Аморим избира три трансфери за следната сезона

1446
epa11958230 Manchester United manager Ruben Amorim (C) speaks to his players during a training session in Manchester, Britain, 12 March 2025. Manchester United will face Real Sociedad in the UEFA Europa League Round of 16, 2nd leg soccer match on 13 March. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Португалецот Рубен Аморим, почна да го составува крстозборот на играчите за следната сезона. Според вестите кои пристигнуваат од „Ото“, Аморим почнал да бара засилување во нападот откако „црвените ѓаволи“ оваа сезона се едни од најнеефикасните тимови во лигата.

Еден од играчите кои Аморим наводно ќе се обиде да ги доведе на „Олд Трафорд“ е напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња (25). Бразилецот оваа сезона постигна 15 голови во лигата, а неговата ослободителна клаузула е околу 60 милиони евра.

Се споменува и напаѓачот на Ипсвич Таун, Лиам Делап (22), како и крилото на Бурнемаут, Антоан Семењо (25). Поради фактот дека  Ипсвич ќе се пресели во Чемпионшип, обештетувањето за Делап треба да биде поскромно, а британските медиуми шпекулираат дека ќе биде околу 30 милиони евра. Од друга страна, Семењо би чинел околу 40 милиони евра. Делап оваа сезона постигна 12 гола, а Семењо девет гола со пет асистенции.

 

ИЗДВОЕНИ