Аморим ги отпиша четирите големи ѕвезди на Манчестер Јунајтед

1729
epa11958230 Manchester United manager Ruben Amorim (C) speaks to his players during a training session in Manchester, Britain, 12 March 2025. Manchester United will face Real Sociedad in the UEFA Europa League Round of 16, 2nd leg soccer match on 13 March. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

По прилично лошите перформанси во првите шест месеци од неговиот престој во Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим реши целосно да го реновира играчкиот кадар и се знае кои ѕвезди ги отпишал и нема да ги води на турнеја како дел од подготовките.

Португалецот пристигна во Манчестер Јунајтед во ноември минатата година од Спортинг Лисабон, а се очекуваше дека веднаш ќе ги сврти работите на „Олд Трафорд“.

Сепак, до крајот на сезоната „црвените ѓаволи“ играа уште полошо и имаа една од најлошите сезони во последните децении.

Сепак, младиот португалски тренер ја доби довербата на челниците на клубот, но сигурно е свесен дека ќе биде под огромен притисок во новата сезона каде што повеќе нема да има толку право да прави грешки.

Затоа Аморим јасно кажа дека му требаат засилувања, но и дека клубот треба да се ослободи од фудбалерите на кои повеќе не смета.

Аморим им кажал на четири играчи на Манчестер Јунајтед да бараат нови клубови и дека дури нема ни да ги води на турнеја низ Америка каде што тимот ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Играчите кои најверојатно ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето се Џејдон Санчо, Антони, Алехандро Гарначо и Тирел Маласија.

Многумина се надеваа дека Антони може да добие шанса кај Аморим, бидејќи тој се истакна во втората половина од сезоната за Бетис, но португалскиот тренер одлучи дека не му е потребен Бразилецот.

Санчо веќе преговара со Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Серија А, а Гарначо исто така има неколку понуди на маса.

ИЗДВОЕНИ