Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, не е сигурен дали ќе продолжи да го води тимот од клупата и следната сезона. Неговата работа дефинитивно е под прашалник откако ја заврши тимот сезоната без ниту еден трофеј и е на разочарувачкото 16. место на табелата во Премиер лигата, а останува уште едно коло.

Португалецот го презеде тимот кога беше Јунајтед 13. на табелата, што, исто така, вреди да се спомене. Тимот од „Олд Трафорд“ во втората полусезона освои само 9 бода од вкупните 39, што е поразително за таков клуб со такво реноме.

Јунајтед и Аморим ја имаа својата последна шанса да ја спасат сезоната во финалето на Лигата на Европа, но ниту тука не ја постигнаа целта. Тотенхем им го зеде трофејот пред нос и ги остави во сивилото, кое трае повеќе од една деценија.

  • Доколку управата и навивачите сметаат дека не сум вистинскиот човек, ќе си заминам следниот ден – рече Аморим за својата иднина на клупата.

Едно е сигурно, Португалецот нема намера да поднесе оставка.

  • Но, нема да заминам, сигурен сум во тоа што го правам. Како што можете да видите, нема да променам ништо во начинот на кој ја работам работата. Не сум тука да се бранам во овој момент, тоа не е мој стил. Немам што да им покажам на навивачите. Во овој момент, ми треба само малку верба – порача Аморим.

 

ИЗДВОЕНИ