Девојчето Амалија и нејзините родители, беа пуштени на слобода откако поднесоа тужба барајќи да бидат ослободени. Семејството беше притворено на 11 демекври во установа во Дилеј, Тексас, а Амалија беше вратена во болница од 18 до 28 јануари, за повторно да биде вратено во установата во која тукушто беше појавена епидемија на сипаници.
„Амалија никогаш не требаше да биде притворена. Замалку ќе починеше во Дилеј“, рече адвокатата на семејството, Елора Макерји, додавајќи дека стотици деца и семејства кои се притворени во Дилерј немаат доволно питка вода, здрава храна, можности за школување или соодветна медицинска нега и затоа треба да бидат ослободени.
Родителите на Амалија по потелко од Венецуела, живеат во Сад од 2024 година. Девојчетоживеат во САС од 2024 година. Девојчето е државјанка на Мексико. Во тужбата се наведеува дека семејството планира да поднесе барање за азил во САД.
Се додава и дека девојчето уште во јануари добило висока температура и почнало да повраќа и тешко да дише. Во болница е однесена дури на 18 јануари, каде што ѝ е дијагностициран Ковид-19, респираторен синициски вирус, вирусен брохиртис и воспаление на белите дробови.
По излегувањето од болница добива небулизатор, респираторни лекови и додатоци за исхраната со цел да ја врати изгубената телесна тежина, но имиграциските служби го одзеле сето тоа. Кабинетот за внатрешна безбедност не одговори на медиумското прашање за случајот.