четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Американскиот Стејт департмент понуди награда за информации за канадскиот трговец со дрога...

Американскиот Стејт департмент понуди награда за информации за канадскиот трговец со дрога Вединг

116

Бирото за меѓународни работи за наркотици и спроведување на законот при американскиот Стејт департмент објави дека ја зголемило наградата на 15 милиони долари. За информации што ќе доведат до апсење и/или осуда на канадскиот трговец со дрога Рајан Џејмс Вединг.

Наградата, која е зголемена од 10 милиони долари на 15 милиони долари, се нуди во координација со американското ФБИ и владите на Канада и Мексико, како дел од заедничкиот напор Вединг да се изведе пред лицето на правдата, според соопштението објавено на веб-страницата на „Стејт департментот“.

Се нудат и награди до 2 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење и/или осуда на повеќе непознати убијци одговорни за убиствата на соработниците на Вединг во колумбискиот град Меделин во јануари 2025 година.

Вединг, кој е на листата на десетте најбарани бегалци на ФБИ, е поранешен олимписки сноубордер кој ја претставуваше Канада на Зимските олимписки игри во 2002 година во Солт Лејк Сити, Јута.

По кариерата во сноубординг, Вединг се свртел кон криминал и меѓународна трговија со дрога.

Според обвиненијата, Вединг и неговите соучесници се заговориле за испорака на големи количини кокаин со тежина од стотици килограми од Јужна Калифорнија до Канада помеѓу јануари 2024 и август 2024 година преку мрежа за транспорт и дистрибуција на дрога со седиште во Канада, контролирана од соучесник со седиште во Онтарио. Организацијата на Вединг наводно извршила егзекуции за да ги оствари своите цели, вклучително и убиството на двајца членови на семејството во ноември 2023 година во Онтарио и убиството на друга жртва во мај 2024 година, исто така во Канада, кај Нијагарините водопади поради неплатен долг за дрога, објави „Танјуг“.

Вединг и неколку соучесници се обвинети и за учество во убиството на сведок на американската федерална влада против Вединг во Колумбија во јануари 2025 година.

ИЗДВОЕНИ