вторник, февруари 24, 2026
Дома СВЕТ Американскиот Сенат усвои резолуција со која се забрануваат воени операции против Венецуела

Американскиот Сенат усвои резолуција со која се забрануваат воени операции против Венецуела

33

Американскиот Сенат изгласа продолжување на работата на резолуција со која на администрацијата на Трамп би ѝ се ограничило користењето воени сили против Венецуела без директно одобрување на Конгресот. Како што беше објавено на официјалнта веб-страница на Сенатот, за продолжувањето на процедурата гласале 52 сенатори, додека 47 биле против.

Резолуцијата претставува барање на извршната власт и има за цел на претседателот на САД да му ја ускрати можност еднострано да отпочне воена интервенција, без претходна согласнот на законодавната гранка на власта. Во образложението се потсетува дека, според Уставот на САД, правото за објавување војна му припаѓа на Конгресот.

Документот се повикува и на Законот за воени овластување од 1973 година, со кој претседателот е обврзан да ги извести законодавците благовремено за почеток на воени операции. Сепак, во пракса, оваа законска обврска повеќе пати била заобиколувана во текот на американските воени ангажмани во Виетнам, во Ирак, во Југославија и во Авганистан.

Гласањето во Сенатот следеше откако американските вооружени сили на 3м јануари 2026 година изведоа воена операција во Венецуела, во текот на која беа заробени претседателот на таа земја Николас Мадуро и неговата сопруга. Два дена подоцна, на 5-ти јануари, започна судска постапка против Мадуро, кој е обвинет за кривични дела поврзани со создавање и поддршка на нарко-картелите.

Според достапните информации, суштинскиот дел на процесот нема да започне пред 2027 година.

Во меѓувреме, за вршител на должноста претседател на Венецуела е именувана потпретседателката Делси Родригес, која ја презеде раководната улога во извршната влат на таа јужноамериканска земја.

ИЗДВОЕНИ