Американскиот потпретседател шокира: „Израел не врши геноцид, но сликите од Газа ми го кршат срцето“

102
EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги отфрли обвинувањата дека Израел врши геноцид во Газа, но изрази жалење што на некои луѓе во неговите редови им недостасува хуманост и не го гледаат моменталното страдање на Палестинците во разурнатата енклава од војната, објавија во понеделник израелските медиуми.

„Ги гледам тие видеа, тие слики и ми го кршат срцето“, рече Венс во подкастот на комичарот Тео Вон, кој тој го опиша како „ужасна“ снимка од Газа.

Американскиот потпретседател рече дека неговата земја се обидува да реши два проблема – од една страна се невините Палестинци, а од друга страна невините израелски заложници, кои, како што истакна, се вклучени во страшното насилство кое продолжува.

„Се обидуваме да обезбедиме што е можно поголема помош на луѓето“, рече Венс, објави „Тајмс оф Израел“. Како што наведе, од друга страна, Израел е напаѓан од страшна терористичка организација, а луѓето понекогаш забораваат дека оваа војна започна со страшен терористички напад во кој загинаа многу невини израелски цивили.

Венс нагласи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да донесе мирно решение што ќе го увери Израел дека Хамас никогаш повеќе нема да го нападне и да убие маса цивили.

ИЗДВОЕНИ