Американскиот новинар Такер Карлсон откри зошто смета дека САД се подготвуваат за нова светска војна

266
Соединетите Американски Држави се подготвуваат за нова светска војна, смета американскиот новинар Такер Карслон. Според него, на тоа укажува одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да го зголеми буџетот за одбрана во 2027 година на 1,5 билиони долари, пренесува „Брејкинг поинт 360“.

 

Според Карлсон, таквиот буџеет е карактеристичен за земја која се подготвува за глобална или регионална војна.

„Очигледно е дека се движиме во тој правец, кон светска војна“, изјави тој во својата емисија, објавена на социјалната мрежа „Икс“.

Според неговото мислење, не постојат други причини за ваквото значајно зголемување на буџетот за одбрана на САД.

Во вкупните одбранбени расходи на САД не е вклучен само буџетот на Министеството за одбрана (денес Министерство за војна), туку и трошиците на други ресори.

Така, на пример, Министеството за енергетика развива и произведува нуклеарна муницијаи нуклеарна воена техника. Постојат и издвојувања за ЦИА и за воената разузнавачка служба, кои не одат директно преку Пентагон, како и буџетот на Минтерството за прашања за ветераните.

Во 2024 година, вкупните светски трошоци за одбрана изнесувале 2,718 билиони долари, односно 2,5 отсто од глобалниот бруто домашен производ. Тоа го покажуваат резултатите од годишниот извештај на Стокхолмскиот меѓународен иститут за истражување на мирот, пренесува „Спутник“.

Во тектот се наведува дека 80 отсто од вкупните светски издатоци (2,185 билиони долари) се распоредени меѓу 15 земји. Меѓу трите водечки земји се САД (997 милијадри долари), Кина (314 милјарди долари) и Русија (149 милијардни долари). Следат Германија, Индија, Велика Британија, Саудиска Арабија, Украина, Франција и Јапонија, пишува „Политика“.

 

ИЗДВОЕНИ