Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави вечерва дека утре истекува ултиматумот што го постави претседателот Доналд Трамп и дека го советува Иран да направи мудар избор бидејќи американскиот претседател не се шегува.
Иран мора да направи мудар избор утре, бидејќи Доналд Трамп не се шегува“, рече Хегсет на пресконференија на која прв зборуваше Трамп.
„САД утре ќе спроведат најмногу напади, повеќе отколку во првиот ден од нападот“, на 28 февруари“, додаде Хегсет наведувајќи дека тоа ќе се случи ако Иран не го прифати ултиматумот.
Трамп пред Хегсет ги повтори заканите и додаде дека „цел“ Иран би можел да биде „уништен преку ноќ“, а таа„ ноќ би можела да биде во вторник навечер“.
„Вторник, 20 часа по вашинготноско време“, напиша во неделата Трамп на својата платформа „Трут соушал“.
„Без договор, ќе видите како се уриваат мостовите и електраните низ целата земја“, изјави тој во неделата за американскиот канал „Фокс њуз“, повторувајќи ја својата закана.












