понеделник, март 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Американскиот инвестициски фонд ја тужи Русија за долговите на Руската империја од...

Американскиот инвестициски фонд ја тужи Русија за долговите на Руската империја од 1916 година

274
Foto: Pexels

Американскиот инвестициски фонд „Ноубл Капитал РСД“ денес поднесе тужба во американскиот федерален суд против Руската Федерација, Министерството за финансии и Националниот фонд за богатство на Русија, барајќи Русија да ги признае обврските по „обврзниците на Империјална Русија“ издадени во 1916 година, во вкупен проценет износ од 225,8 милијарди долари.

Тужбата е поднесена во судот во округот Колумбија, а фондот предлага да го отплати долгот користејќи руски суверени средства замрзнати по анексијата на Крим во 2014 година и почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, објавува рускиот портал РБК.

„Ноубл Капитал РСД“ тврди дека е законски сопственик на 25 милиони долари руски империјални обврзници со купон од 5,5 проценти, издадени преку Националната градска банка на Њујорк.

ИЗДВОЕНИ