Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина Кит Келог изјави дека Вашингтон подготвил мировен план од 22 точки за решавање на руско-украинската војна и откри што подразбира првата точка.
Тој во објава на мрежата „Х“ посочи дека се работи за „сеопфатно примирје“. Според неговите зборови, во Истанбул американскиот државен секретар Марко Рубио „јасно ставил до знаење“ дека тоа е „силен мировен план“.
„Како резултат на средбите во Лондон, ние (САД) развивме сеопфатен план од 22 точки што е основа за мир. Првата точка е сеопфатно примирје кое веднаш би го запрело убиствата“, напиша Келог.
Средбата на руската и украинската делегација во Истанбул на 15 мај беше првиот директен разговор меѓу Москва и Киев по прекинот на преговорите во 2022 година, а иницијативата за таа средба ја покрена рускиот претседател Владимир Путин на 11 мај, пренесе Танјуг.
Путин предложи директните преговори, кои беа прекинати пред три години, да се започнат без предуслови и побара од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да биде домаќин. На преговорите во Истанбул се приклучи и американската делегација.