Американски медиуми: Трамп размислува за напад врз Иран!

461
EPA/Aaron Schwartz / POOL

Високи функционери во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одржаа прелиминарни дискусии за тоа како, доколку е потребно, би можел да се изврши напад врз Иран за да се исполнат заканите упатени од Трамп, вклучително и дискусии за тоа кои цели би можеле да бидат нападнати, изјавија американски функционери за „Волстрит џурнал“.

Една од дискутираните опции е голем воздушен напад врз повеќе ирански воени цели, рече еден од функционерите, додека друг рече дека нема консензус за тоа кој тек на дејствување треба да се избере и дека не е преместена воена опрема или персонал како подготовка за нападот, истакнувајќи дека дискусиите биле дел од рутинско планирање и дека нема индикации за непосреден напад врз Иран, пишува „Волстрит џурнал“.

„Аустријан ерлајнс“ ги прекинува летовите до Техеран поради „актуелната политичка ситуација“. Во соопштението се вели дека по проценката на моменталната ситуација, одделот за безбедност на „Аустријан ерлајнс“ препорача претпазливо прекинување на летовите до и од Техеран, заклучно со 12 јануари.

Според „Ројтерс“, авиокомпанијата останува во „24-часовна“ координација со надлежните безбедносни органи и „континуирано и внимателно“ ги следи случувањата во регионот.

Иран Интернешнл, персиски медиум во егзил финансиран од извори поврзани со Саудиска Арабија, објави снимка за која вели дека покажува како безбедносните сили отвораат оган врз демонстранти во областа Техеран-Парс во источен Техеран во саботата навечер.

ИЗДВОЕНИ