Американски медиуми: Целта на Доналд Трамп е да стави крај на војната со Иран

98

Целта на американскиот претседател Доналд Трамп е да стави крај на војната со Иран по денешната одмазда, а оваа порака има намера да му ја пренесе на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пишува веб-страницата Аксиос, повикувајќи се на висок претставник на Белата куќа.

„Сакаме договор, а не повеќе војна“, рече неименуваниот функционер.

Трамп претходно му се заблагодари на Иран за неговото „рано предупредување“ откако земјата ја нападна американската воздухопловна база во Катар, додавајќи дека би сакал Техеран да се движи кон мир и хармонија во регионот и дека од се срце ќе го охрабри Израел да го стори истото.

ИЗДВОЕНИ