Американски функционер: Сопругата на Бајден може да биде обвинета за „злоупотреба на стари лица“

123

Џил Бајден би можела да се соочи со кривични обвиненија ако помогнала во прикривањето на влошената здравствена состојба на нејзиниот сопруг, изјавил функционер на Министерството за правда на САД, пишува Телеграф. Лео Терел, виш советник на помошникот државен обвинител во одделот за граѓански права, го напиша ова во објава на мрежата Икс.

„Злоупотреба на стари лица! Кривична пријава??“ напиша тој покрај фотографија од поранешната прва дама на нејзиното биро во авионот „Ер Форс Уан“.

Терел го објави ова во услови на растечки шпекулации дека внатрешниот круг соработници на поранешниот претседател Џо Бајден ја криел неговата дијагноза за рак и влошените когнитивни способности од јавноста за време на неговиот мандат.

Во неделата, кабинетот на Бајден објави дека тој страда од „агресивна“ и неизлечива форма на рак на простата што се проширила на неговите коски. Според портпаролот, 82-годишниот Бајден побарал медицинска помош откако имал проблеми со мокрењето. Некои веруваат дека, со оглед на сериозноста и напредната природа на болеста, дијагнозата требало да се постави многу порано и дека таа била прикриена.

ИЗДВОЕНИ