Американски федерален судија ги блокираше извршните наредби на Трамп

116

Американски федерален судија го блокираше спроведувањето на извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп, насочени кон оние што работат со Меѓународниот кривичен суд (МКС), објави „Ројтерс“.

Одлуката следува по тужбата поднесена во април од двајца активисти за човекови права, со која се оспорува наредбата на Трамп од 6 февруари со која се одобруваат потенцијално далекусежни економски и патни санкции врз луѓе што работат на истраги на МКС против граѓани на САД или сојузници на САД, како што е Израел.

Во својата пресуда, окружната судијка на САД, Ненси Торесен, го нарече извршниот налог на Трамп неуставен прекршок на слободата на говорот, објави „Ројтерс“.

„Извршната нареба се чини дека ја ограничува слободата на говорот значително повеќе отколку што е потребно за да се постигне таа цел“, напиша Торесен.

Таа додаде дека извршниот налог генерално забранува каков било говор што е во корист на обвинителот, без оглед на тоа дали се однесува на истрагата на МКС за САД, Израел или друг сојузник на САД.

Трамп воведе санкции врз обвинителот на МКС, Карим Кан, кој е Британец, со извршна наредба откако судот издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради наводни воени злосторства во Газа.

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД, исто така, го стави во својот регистар на санкционирани лица и субјекти.

Според извршната наредба на Трамп, граѓаните на САД кои им обезбедуваат услуги на Кан или на други санкционирани лица би можеле да се соочат со граѓански и кривични казни.

ИЗДВОЕНИ