вторник, февруари 24, 2026
Дома СВЕТ Американската војска потопи уште еден брод во Карипското Море, три лица загинаа/ВИДЕО

Американската војска потопи уште еден брод во Карипското Море, три лица загинаа/ВИДЕО

31

Американската војска денес нападна уште еден брод во Карипското Море, кој наводно превезувал дрога, при што загинаа три лица, соопшти Јужната команда на социјалните мрежи.

Во објавата, која вклучуваше и видео од нападот, се вели дека бродот бил „управуван од неименувана терористичка организација“ и дека разузнавачките информации „потврдиле дека бродот транзитирал по познати рути за трговија со дрога во Карибите и бил вклучен во операции за трговија со дрога“, објави CNN.

Досега во воената кампања, наречена Операција Јужно Копје, се убиени најмалку 151 лице.

Денешната операција беше седмиот напад врз бродови оваа година. Претходниот напад беше врз брод во Тихиот Океан во петокот, во кој исто така загинаа три лица, а претходно минатата недела, во понеделникот вечерта, американската војска нападна три брода во Карибите, кои наводно превезувале дрога, при што загинаа 11 лица.

ИЗДВОЕНИ