Американската војска ќе отпушти 1.000 трансродови припадници

12

Американските вооружени сили ќе отпуштат од своите редови околу 1.000 трансродови припадници, соопшти Пентагон, по одлуката на Врховниот суд со која привремено се овластува администрацијата на Доналд Трамп да го стори тоа.

Вооружените сили „веднаш ќе започнат процедури за припадниците на војската кои поднеле барање за доброволно заминување“, објави министерот за одбрана Пит Хегсет.

-Околу 1.000 воени лица со родова дисфорија, чувство на несовпаѓање помеѓу биолошкиот пол и родовиот идентитет, спаѓаат во оваа категорија, изјави портпарол на Пентагон.

Крајниот рок за доброволно заминување е 6 јуни.

ИЗДВОЕНИ