Американската тенисерка Сачија Викери го отвори својот настап на квалификациите за Отвореното првенство на САД со победа од 7:5, 7:5 против Украинката Анастасија Соболиева. Таа приреди мини сензација, бидејќи моментно е 559. тенисерка на ВТА-листата. Порано беше на 73. место, но денес, на 30-годишна возраст, се занимава со снимање содржини за возрасни и најмногу заработува од тоа.
– На почетокот не мислев дека ќе се занимавам со тоа, но сум многу отворена и не се грижам што мислат луѓето за мене. Тоа се, исто така, најлесните пари што сум ги заработила некогаш, и уживам во тоа. Повеќе не излегувам бесплатно, поради однесувањето на мажите. Сега барам депозит пред состанок. Пратете ми 1.000 долари – и можеме да се видиме. Никогаш повеќе нема да зборувам глупости за девојките што снимаат содржина за „Oнли фанс“. Се изненадив од сумата што ја заработив таму за само два дена. Навистина, тоа се многу пари – рече таа во живо, на „Инстаграм“.
Тааѝ се придружи на „Онли фанс“ претходно оваа година. Интересно е што на „Инстаграм“, во описот на нејзиниот профил, има „Прво Бог“, т.е. „Бог на прво место“. Таа објавува фотографии без облека и често ги менува партнерите. Наплаќа 12,99 долари месечно за својата содржина, која е претходно подготвена за на „Инстаграм“.
Во описот на нејзиниот профил на „Онли фанс“ пишува „вашата омилена тенисерка“. Викери има заработено два милиона долари во својата тениска кариера, но вели дека многу полесно заработува од „Онли фанс“.
– Сè уште играм тенис, но сакам да правам нешто надвор од тенисот. Истражувам некои нови можности на социјалните медиуми – рече таа во неодамнешното интервју за потастот „Black Spin Global“.
Таа не успеа да се квалификува на Австралија опен во јануари оваа година, беше елиминирана во третото коло од квалификациите. Нејзините најдобри резултати на гренд слем турнирите се на САД Опен, каде што четири пати беше во второто коло.
И други тенисери се на „Онли фанс“
Освен Викери, и други тенисери имаат профили на „Онли фанс“. Ник Кирјос почна со својата страница затоа што сакаше да го видат обожавателите во поинакво издание откако се повреди. Александар Милер, француски тенисер и поранешен 38. играч во светот, исто така, има страница на „Онли фанс“.
Тој е наречен „најсекси тенисер на светот“. Поранешната тенисерка број 38 во светот, Ешли Харкелроуд, кратко време беше на „Онли фанс“, додека нејзината колешка, Арина Родионова, почна да наплаќа за својата содржина откако се разведе.