Сите летови до и од Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас, кој се наоѓа по должината на границата со Мексико, се суспендирани од „посебни безбедносни причини“, соопшти Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA).
Аеродромот Ел Пасо ја потврди суспензијата во објава на Инстаграм, велејќи дека сите пристигнувања и заминувања се привремено суспендирани, објави Ројтерс.
FAA не ја прецизираше природата на безбедносните проблеми.












