Американка од Јута, која избегала од „крајот на светот“ што самата го предвидела, е уапсена во Хрватска под обвинение за киднапирање на своите четири малолетни деца и нивно нелегално одведување во Европа.
Притоа, таа го прекршила договорот за старателство што го делела со својот поранешен сопруг, кој е татко на три од нејзините деца, додека најмладото дете го имала со друг маж.
Властите вчера потврдија дека 35-годишниот Елиша Сејмур е приведен, а децата се згрижени, објавува АП њуз, како што објави хрватскиот портал Индекс.












