понеделник, јануари 26, 2026
Дома БАЛКАН Американка го најави крајот на светот и избега од земјата со своите...

Американка го најави крајот на светот и избега од земјата со своите деца: Пронајдени се во Хрватска, а децата во сиропиталиште

208

Американка од државата Јута, откако дала апокалиптични предвидувања на социјалните мрежи, исчезнала во ноември минатата година, со четири малолетни деца, кои биле пронајдени во Хрватска, додека локацијата на нивната мајка сè уште е непозната.

Мајката Елиша Сејмур (35) избегала од дома со своите четири деца, на возраст од 11, 8, 17 и три години, откако нејзините три постари деца ја посетиле за време на американскиот празник Денот на благодарноста, соопшти полицијата.

Елиша и таткото на децата го делат старателството над трите постари деца, додека таа имала четврто дете со друг маж.

Елиша и нејзините деца беа снимени на надзорни камери на меѓународниот аеродром Софт Лејк Сити додека се качуваа на лет за Европа.

Точната локација на децата со недели беше непозната, но вчера, страницата GoFundMe што ја постави семејството, објави дека тие се наоѓаат во Хрватска.

„Децата се во државно сиропиталиште во Хрватска. Ние сме во земјата и се обидуваме да ги извлечеме децата од старателството на локалната самоуправа“, се вели во објавата.

Засега нема дополнителни детали за тоа како се пронајдени или зошто се сместени во дом за запоставени деца.

Локацијата на нивната мајка останува непозната, а семејството ја користи платформата за собирање средства за ангажирање адвокати и преведувачи за да се снајдат во хрватскиот правен систем и да го вратат старателството над децата.

Тетката на децата од САД пред пет дена напиша на Фејсбук дека се наоѓа во Дубровник со својот брат и неговата свршеница, дека во тој град се наоѓаат децата кои сè уште не им се вратени.

„Мојот брат, неговата свршеница и јас сме во Хрватска и ги поминуваме сите законски процедури тука за да го добиеме старателството над децата. Децата се сместени во детски центар во Хрватска веќе пет дена. Можеме да ги посетуваме по неколку часа секој ден, но тоа е сè. Соработуваме со локалната полиција, локалниот адвокат, социјалните служби, амбасадата на САД тука и Интерпол“, изјави, меѓу другото, тетката на децата од САД.

Хрватскиот портал Индекс испрати барање до хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања за овој случај, и тие велат дека ќе го објават одговорот кога ќе го добијат.

ИЗДВОЕНИ