среда, јули 15, 2026
Дома СВЕТ Америка започна со нов бран воздушни напади врз Иран

Америка започна со нов бран воздушни напади врз Иран

0
EPA/WAEL HAMZEH

Американската војска денес започна нов бран напади врз цели во Иран, објави Централната команда на САД (CENTCOM).

„Во 6:00 часот наутро по источно време, силите на Централната команда на САД започнаа бран напади врз Иран“, се вели во соопштението на платформата X.

Според CENTCOM, целта на нападите била дополнително да се ослабат воените капацитети што иранските сили ги користеле за напад врз комерцијални бродови во Ормутскиот теснец.

Според ирански функционер, американските сили нападнале десетици цели во Иран и повторно воспоставиле поморска блокада на иранските пристаништа во конфликтот, кој влезе во својот петти ден.

ИЗДВОЕНИ