Америка подготвена да го згасне ТикТок ако Кина не попушти

110

Владата на Соединетите Американски Држави е подготвена да дозволи забраната за социјалната мрежа TikTok да стапи на сила доколку не се постигне договор за продажба на кинеската компанија Bytedance, изјави денес за новинарите американски функционер запознаен со содржината на американско-кинеските разговори што се одржуваат во Мадрид.

Функционерот рече дека многу технички аспекти на продажбата веќе се разработени, но дека кинеските претставници го поврзуваат договорот со неповрзани барања во врска со американските тарифи и ограничувањата за технологијата, објави Ројтерс.

Како што објави агенцијата вчера, најважниот исход од разговорите би можел да биде уште едно продолжување на рокот за кинескиот сопственик на TikTok да ги продаде своите американски операции до 17 септември, или да се соочи со евентуално затворање на апликацијата во САД.

ИЗДВОЕНИ