сабота, февруари 7, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Америка и Израел исвиркани на отворањето на ЗОИ 2026 во Милано и...

Америка и Израел исвиркани на отворањето на ЗОИ 2026 во Милано и Кортина

86
epa12711222 The Olympic flame burns in the cauldron at the Arco della Pace in central Milan during the opening ceremony for the Milano Cortina 2026 Winter Olympic Games in Milan, Italy, 06 February 2026. EPA/ANSA / MATTEO CORNER

Македонската олимписка делегација немаше претставник на стадионот „Сан Сиро“ во Милано каде што беше централната прослава на отворањето на Зимските олимписки игри 2026 годин. Во Предацо знаменосец на македонскиот тим беше нордискиот скијач Ставре Јада, а во Кортина делегацијата ја предводеше нашата најмлада престставнилка, 19 – годишната алпска скијачка Јана Атанасовска.

Италијанското наследство во уметноста, музиката и во модата беше прикажано на церемонијата за отворање, што ќе се одржат во следниве две недели на повеќе локации во Северна Италија.

Си-ен-ен“ објави дека во кореографијата биле вклучени 1 250 танчари волонтери, од кои најмладиот имал само 10 години. Тие вежбале повеќе од 700 часа за овој настан.

Актерката и пејачка Матилда де Анџелис беше прва од многуте ѕвезди што настапија. Таа излезе на сцената со танчари што носеа маски од композиторите Џакомо Пучини, Џузепе Верди и Џоакино Росини.

EPA/CARL SANDIN / POOL

Американската музичка ѕвезда Мараја Кери ја изведе легендарната италијанска песна „Воларе“. Добитничката на „Греми“, Лаура Паузини, ја испеа италијанската химна на стадионот во Милано, додека истовремено во Кортина ја придружуваше хор.

Темата на церемонијата беше хармонија, осмислена од главниот креативец на организацискиот тим, Марко Балич.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела беше прикажан како пристигнува на стадионот „Сан Сиро“ со трамвај возен од легендарниот мотоциклист Валентино Роси.

Но, сенка на отовањето фрлија политичките тензии во светот, откако публиката ги исвирка американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и израелскиот тим.

Церемонијата беше поделена на четири локации, при што стадионот „Сан Сиро“ во Милано беше главното место, но настани имаше и во Кортина, Ливињо и Предацо.

Во публиката на „Сан Сиро“ беа и Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио. Публиката реагираше со неодобрување кога на екранот беше прикажан Венс како мавта со американско знаменце.

И најавата на израелскиот тим беше проследена со свирежи од дел од публиката.

Пред парадата на олимпијците, креативниот директор Марко Балич кажа дека шоуто е засновано врз принципот на хармонија со наратив насочен кон обединување територии, луѓе и вредности. Претседателката на Меѓународниот олимписки комитет Кирсти Ковентри изјави дека Игрите би требало да ги зближуваат луѓето.

Нека овие Игри бидат прослава на она што нè обединува, на сè што нè прави луѓе. Ова е магијата на Олимписките игри: да нè инспирираат сите да бидеме најдобри што можеме, заедно“, рече таа.

ИЗДВОЕНИ