Постепеното повлекување на монетата од еден цент би можело да ги чини Американците околу шест милиони долари годишно, бидејќи трговците ќе ги заокружуваат износите на банкнотите на најблиската монета од пет центи за купување во готово, според студијата на филијалата на централната банка во Ричмонд, пренесува „Хина“.
Владата на САД ќе престане да кова монета од еден цент почетокот на следната година, бидејќи остваруваше загуби. Минатата година, Министерството за финансии регистрираше загуба од 85,3 милиони долари при ковањето монета од еден цент поради разликата помеѓу нејзината номинална вредност и трошоците за производство.
Според Ковачницата на САД, производството и дистрибуцијата на монета од еден цент чини 3,69 центи.
Врз основа на Анкетата за избор на потрошувачите од 2023 година (DCPC), економистите во Федералниот резервен систем на Ричмонд пресметаа дека елиминирањето на монетата од еден цент и нејзиното заокружување на најблиските пет центи би резултирало со „данок на заокружување“ што би можел да ги чини американските потрошувачи околу 6,06 милиони долари годишно.
DCPC е студија нарачана од Федералниот резервен систем, која ги следеше реалните плаќања меѓу национално репрезентативен примерок на потрошувачи помеѓу 29 септември и 2 ноември 2023 година.
Економистите во Федералниот резервен систем на Ричмонд во Вирџинија, исто така, го испитаа сценариото за елиминирање на монетата од пет центи. Овој потег би ги зголемил трошоците за Американците за заокружување на плаќањата во готово за 56 милиони долари годишно, покажа студијата.