Амбициозен план на Еди Рама: Дали Албанија ќе стане првата земја во која нема да се плаќа со кеш?

165

Владата на премиерот Еди Рама планира да ја направи Албанија првата целосно безготовинска економија во светот, но јавната недоверба кон банките и финансиските институции е сериозна пречка за таа амбиција.

Во земја каде што готовината сè уште владее, планот на албанскиот премиер Еди Рама за целосно елиминирање на банкнотите до крајот на деценијата би можел длабоко да го потресе општеството, пишува Политико.

„Во Албанија, парите сè уште се чуваат под душекот – веднаш до автоматската пушка АК-47“, вели старата народна шега таму, која, иако претерана, добро ја илустрира недовербата на Албанците кон банките. Но, ако Рама успее во својот план, Албанија би можела да стане првата земја во светот без готовина.

Целта на оваа радикална промена, објаснува владата, е борба против огромната сива економија и нелегалните парични текови кои сериозно ја оптоваруваат економијата. Според извештајот на Европската комисија од 2024 година, албанската економија се одликува со „висок степен на неформалност“, при што проценките за учеството на сивата економија во БДП се движат помеѓу 29 и 50 проценти.

Селами Џепа, професор по економија на Универзитетот во Тирана, истакнува дека „укинувањето на готовината е апсолутен приоритет за земјите со високо ниво на неформалност и дестабилизирачка количина на нелегални пари во финансискиот систем“.

Но, спроведувањето на таква политика се соочува со голем број пречки. Албанците сè уште во голема мера претпочитаат да ги чуваат своите пари во готово, подалеку од дофат на банките, а плаќањата со картички често се сметаат за исклучок. Додека поголемите синџири и ресторани прифаќаат картички, кафулињата, салоните, бутиците и локалните продавници честопати одбиваат картички.

Еден од проблемите е што Албанците не ги сакаат банките. Неодамнешно истражување на Албанското банкарско здружение покажа дека само 34 проценти од населението им верува.

Светската банка објави дека помалку од 50 проценти од Албанците имаат банкарска сметка. Банката на Албанија вели дека 78 проценти имаат пристап до банкарска сметка, што е помалку од европскиот просек од 96 проценти.

Преминот кон безготовинско општетсво е политика што ја разгледуваат многу развиени земји, како Шведска, Естонија и Ирска. Сепак, Албанија е поинаква средина и скептицизмот на јавноста е разбирлив.

‘U Albaniji se novac još uvijek drži ispod madraca – odmah do automatske puške AK-47’, glasi tamošnja stara narodna šala koja, iako pretjerana, dobro ilustrira nepovjerenje Albanaca prema bankama. No, ako Rama uspije u svom naumu, Albanija bi mogla postati prva država u svijetu bez gotovine.

ИЗДВОЕНИ