Вработените во Amazon Web Services (AWS) во вторник добија покана за состанок со висок извршен директор закажан за следниот ден. Средбата набрзо беше откажана, но поканата содржеше и нацрт на интерна е-пошта во која се наведува дека вработените во Соединетите Американски Држави, Канада и Костарика веќе биле известени за губењето на работните места.
Пораката ја потпиша Колин Обри, виш потпретседател за применети решенија за вештачка интелигенција во AWS, а отпуштањата во е-поштата, беа внатрешно означени како „Проект Зора“ објавува Гардијан.
„Промените како овие се тешки за сите. Одлуките се тешки и се донесуваат внимателно додека ја позиционираме организацијата и AWS за иден успех“, напиша Обри во порака што ја видоа повеќе медиуми, вклучувајќи ги Ројтерс и Блумберг. Во е-поштата се споменува и посебна порака од раководителот на човечки ресурси на Amazon, но се чини дека никогаш не била испратена.
Како што пренесе ДПА, ова е најновиот голем круг отпуштања кај малопродажниот и технолошки гигант, кој доаѓа само три месеци откако компанијата скрати околу 14.000 работни места.
Внатрешни извори велат дека новите намалувања би можеле најмногу да ги погодат одделот за облак на AWS и малопродажните операции, клучни делови од бизнисот на Amazon.












