Верувале или не? Хитмејкерот Роберт Билбилов за својата нова авторска песна инспирацијата ја најде во пејачката Антониа Гиговска. А, песната е со впечатлив наслов “Аман“. Навистина, аман за аман, оваа песна е веќе слушана, сосема доволно за кусо време. Се работи за вистинска животна приказна, а се се случи по една интересна СМС-порака:„Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”.
Токму оваа ваква порака била доволна за Билбилов да направи одлична композиција. Антониа како и секогаш, повеќе од одлично да ја испеа, со многу емоции кои им ги пренесе на обожавателите.
„Аман“ е песна која зборува за лошата комуникација помеѓу момче и девојче кога сите нивни меѓусебни чувствата се при крај. Скоро сите надежи за нов почеток се “паднати во вода“ и никогаш повеќе таа љубов не може да биде иста. Голема е разочараноста од двете страни. Пресреќна сум што ова е мојата прва соработка со Роберт, а успешна од самиот старт.
Коментарите од луѓето се многу добри, како за песната, така и за самиот спот кој е во режија на Даниел Јовески. Спотот се снимаше низ прекрасните егзотични предели на Египет. Тоа е првата песна од мојот втор студиски албум „Жена“, вели среќната Антониа. (Д.М.)