
Предводникот на шпанскиот гигант Атлетико (М), Диего Симеоне, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање иднината на аргентинскиот интернационалец Хулијан Алварез. Трофејниот стручњак изјави дека нема вистина во шпекулациите дека младиот напаѓач е желба на каталонскиот гигант Барселона и дека постојат реални шанси тој да се пресели на „Ноу Камп“ на крајот од актуелната сезона.











