Актуелниот ракометен шампион на Македонија, екипата на Пелистер, го очекува тежот натпревар на домашен терен, против Висла Плок (денеска 20:45ч.), во рамките на Лигата на шампионите, кој мора да го добие доколку сака да ги задржи шансите за пласман во главната фаза.

Мечот со полскиот тим ќе биде прв во Лигата на шампионите за Стевче Алушовски по кам-бекот на клупата на битолчани. Свесен е за квалитетот на противникот, но најави максимална борба, потенцирајќи дека Пелистер секогаш кога игра пред своите навивачи, е конкурентен и против најсилните.

  • Задоволство е што се враќам во мојот клуб. Работиме напорно и сме подготвени за натпреварот со Висла Плок. Полскиот шампион е еден од најдобрите тимови во Европа, но ние сме конкурентни против секој тим. Со нашите навивачи, ветуваме голем натпревар против Плок – истакна Алушовски.

ИЗДВОЕНИ