Поранешниот ракометар и тренер Стевче Алушовски е избран за шеф на стручниот штаб на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер. Од битолскиот клуб информираа дека новиот тренер ќе го води тимот до крајот на оваа ракометна сезона, односно на меѓународната и домашната сцена.
Стевче Алушовски во два наврата го водеше клуб од Битола, односно Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Прозивката на ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои немаат репрезентативни обврски, е закажана за 14 јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.












