АЛОНСО: „Тие се клучни и недопирливи во тимот“

2275
EPA-EFE/Juanjo Martin

Реал (М) во новата сезона влегува со нов тренер, Чаби Алонсо, и значително изменет состав. Клубот донесе засилување во одбраната, а нови членови станаа Трент Александар-Арнолд и Деан Хуијсен.

Се очекува наскоро од Бенфика да пристигне Алваро Карерас, а не би било изненадување доколку „кралевите“ дополнително го засилат средниот ред и нападот.

Сепак, и покрај засилувањата, Чаби Алонсо веќе одлучи дека двајцата играчи се недопирливи за него, а тоа се Арда Гулер и Аурелиен Чуамени.

„Арда Гулер ќе игра клучна улога за Чаби Алонсо веќе за време на Светското клупско првенство. Тој ќе стане недопирлив член на првиот тим“, пренесува „Marca“.

Турскиот фудбалер (20) не играше многу под водство на Карло Анчелоти. И покрај скромната минитажа, играчот за врска се појави на 55 натпревари со учинок од 11 гола и девет асистенции.

Чаби многу мисли и на францускиот играч од средниот ред Аурелиен Чуамени. Французинот често беше жртвуван како централен бек по бројните проблеми со повредите, но сето тоа му се исплатеше.

Наместо најавеното заминување од клубот, 25-годишниот играч за врска ќе стане клучна фигура во својот тим.

„Чуамени е недопирлив во Реал. Сите во клубот го ценат начинот на кој тој ги претвора свирежите на Бернабеу во овации, додава „Marca“.

Поранешниот фудбалер на Монако е веќе три години во „кралскиот клуб“. Се појави на 140 натпревари со учинок од пет гола и шест асистенции.

Сигурно ќе биде многу интересно да се гледа Реал (М) под водство на Чаби Алонсо. Шпанецот правеше чуда со Баер од Леверкузен, но „кралскиот клуб“ е секако многу поголем предизвик.

На сите им е јасно дека 43-годишникот има вистинска машина во рацете, но сега сето тоа треба добро да се уреди. Реал минатата сезона ја заврши без трофеј, а целта е секако враќање на врвот на шпанскиот и европскиот фудбал.

ИЗДВОЕНИ