
Иако доби отказ од челниците на Реал (М), на јавност и беше јасно како ден дека Чаби Алонсо нема долго да биде без работа. Актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, само чека момент за да стави крај на соработката со Арне Слот, но клупските челници сакаат прво гаранција од Алонсо дека ќе го преземе овој клуб. Нема дилема дека тој е подготвен за таков чекор, но има одредени услови за тоа.
Имено, Шпанецот сака целосна реконструкција во Ливерпул доколку раководството сака да го назначи за нов тренер по евентуалното заминување на Слот.
Минатиот викенд, Ливерпул анулираше негатива од два гола, но на крајот, дуелот против Бурнемаут заврши со минимален триумф на домаќинот од 3:2.
Овој резултат ја прекина серијата од 13 натпревари без пораз на Ливерпул и стави дополнителен „товар“ врз менаџерот затоа што „црвените“ сега се шести на табелата во Премиер лигата.
Она што најмногу ги боли навивачите во моментов е тоа што нивниот клуб не знае за победа точно еден месец. Нивната последна победа беше против Вулверхемптон (2:1), а се случи на 27 декември.
Шпанецот е подготвен да ја преземе работата на „Енфилд“, но сака целосно да го промени составот и да донесе четири нови играчи, како и да отпушти пет сегашни ѕвезди.
Имено, ако ја преземе клупата на тимот од „Енфилд“, Алонсо сака да го доведе стоперот на Тотенхем, Мики Ван де Вен, како и играчот од средниот ред на Кристал Палас, Адам Вортон. Покрај нив двајца, Алонсо го сака Бредли Баркола од ПСЖ и играчот на Баерн (М), Мајкл Олисе.
Она што ги изненади многумина е фактот дека Алонсо сака гаранција дека пет играчи ќе го напуштат клубот ако тој пристигне. Прв на тој список е францускиот интернационалец Ибрахима Конате, кој има договор со Ливерпул до крајот на актуелната сезона.
Французинот беше многу критикуван во текот на тековниот дел од сезоната, и покрај фактот дека пред неколку месеци беше поврзуван со клубови како Реал (М) и ПСЖ.
Можеби најголемите изненадувања би се случиле во средниот ред, бидејќи Чаби Алонсо сака Ливерпул да ги продаде Макалистер и Гравенберх.
И двајцата се мачат да ја пронајдат вистинската форма оваа сезона, а Чаби Алонсо не ги гледа во својот Ливерпул, исто како и Коди Гапко, кој исто така би морал да бара нов клуб ако Шпанецот стане нов тренер.
Последниот играч кој треба да го напушти клубот е Мохамед Салах, а Чаби Алонсо сака Олисе да го замени на позицијата десно крило.











