
Тренерот на Реал (М), Чаби Алонсо, верува дека ќе ја задржи работата во клубот и веќе почнал да размислува како да го засили својот тим за време на претстојниот преоден рок.
Алонсо одбива да се откаже од убедувањето на своите шефови да ги доведат двете најголеми ѕвезди на Ливерпул на „Сантијаго Бернабеу“, но клупскиот претседател, Флорентино Перез, во меѓувреме сонува за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед.
Како што се приближува јануарскиот преоден рок, шпанските медиуми донесуваат нови информации за „нападите“ на Реал (М) врз играчите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Алонсо успеа да победи во последните три натпревари и верува дека заслужува да остане тренер на тимот.
Тој сега се обидува да го убеди претседателот, Флорентино Перез, да доведе тројца играчи во 2026 година, од кои двајца моментално се на „Енфилд“.
Имено, Чаби Алонсо го сака дуото на Ливерпул, Ибрахим Конате и Флоријан Вирц.
Според „Дефенса Централ“, Алонсо сака Реал (М) да ги доведе Конате и Вирц за време на летниот преоден рок, а Анџело Штилер од Штутгарт во јануарскиот преоден рок.
Самиот Алонсо не верува дека неговите желби ќе се остварат, но се обидува да го убеди Перез да го стори тоа, но првиот човек на Реал (М) сонува за друг играч.
Алонсо работеше со Вирц во Баер Леверкузен и сакаше да го доведе во Реал (М), но Ливерпул успеа да го направи тоа за 133 милиони евра.
Со оглед на тоа што Алонсо сака нов играч од средниот ред, Флорентино Перез, кој сонува за Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед, исто така ја започна својата потрага.
Реал (М) има финансиски капацитет да ја плати ослободителната клаузула на Фернандеш од 60 мил. евра. Португалецот има 31 година, а проблемот е што Реал (М) нема намера да троши многу пари за играчи на таа возраст.
Така, во Реал (М) е започната внатрешна дебата за доведување на Фернандеш од Манчестер Јунајтед во Реал (М).
Она што сигурно му оди во прилог на Португалецот е фактот дека првиот човек на клубот, Флорентино Перез, лично го сака.











