
Идниот тренер на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Чаби Алонсо, побарал од клупските челници да испратат официјална понуда за аргентинскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Кристијан Ромеро. Големата желба на шпанскиот стручњак ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за дефанзивецот не биде помала од 50 мил. евра.