Алонсо доби отказ поради тројца фудбалери на Реал (М)

572
epa12503836 Real Madrid head coach Xabi Alonso and forward Vinicius Junior applaud fans after the UEFA Champions League league phase match between Liverpool FC and Real Madrid, in Liverpool, Britain, 04 November 2025. Liverpool won 1-0. EPA/ADAM VAUGHAN

На почетокот од оваа недела, како гром од ведро небо одекна информацијата дека Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал (М), односно дека е отпуштен. Најновата фудбалска сапуница се случи еден ден по поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Откако ја загуби Реал (М) борбата за првиот трофеј во сезоната, првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, го направи првиот посериозен потег во актуелната сезона и го отпушти поранешниот играч од средниот ред на мадридскиот клуб.

Иако првично сите шпански медиуми пишуваа дека поразот од Барселона бил одлучувачки, англиските медиуми имаат сосема поинаква приказна. Алонсо наводно бил отпуштен поради расправии со одредени играчи и проблеми во соблекувалната. Медиумите на Островот објавија дека Алонсо имал жестоки расправии со Винисиус Жуниор, а своето незадоволство го изразиле и Џуд Белингам и Федерико Валверде. Винисиус беше оној што најчесто влегуваше во расправии со Алонсо, што доведе до губење на хемијата во соблекувалната и во тимот. Белингам не беше задоволен од тактиката, но и од минутите, додека Валверде влегуваше во расправии со Алонсо најчесто на тимските тренинзи, кога мораше да извршува некои задачи што не му се допаѓаа.

Многу работи излегуваат на површина сега и се чини дека многу работи не биле како што треба во Реал веќе два месеци.

Шпекулациите за евентуалното заминување на Алонсо започнаа кон крајот на ноември 2025 година.

Навивачите на Реал (М) се, исто така ,разочарани и лути, но е очигледно дека атмосферата во соблекувалната е сериозно нарушена.

Некои шпански медиуми пишуваа дека не би било добро играчите да ја преземат водечката улога, но се чини дека се случува токму тоа во Реал (М).

Иако се споменуваат разни големи тренерски имиња, Алваро Арбеола, друг поранешен играч познат по својата добра работа со младинските категории во Реал (М), ќе продолжи да го предводи клубот. Тој е менаџер на Кастиља од јуни 2025 година, а целата своја тренерска кариера ја помина во младинската академија на Реал (М), од 2020 година. Како тренер, има освоено многу трофеи со младинскиот тим на Реал (М). Како играч, беше дел од Реал (М) во еден од најуспешните периоди во неговата историја. Го носеше „кралскиот дрес“ помеѓу 2009 и 2016 година, одигрувајќи 238 официјални натпревари.

ИЗДВОЕНИ