петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Алкохолот се враќа во Саудиска Арабија по 74 години

Алкохолот се враќа во Саудиска Арабија по 74 години

186

За навивачите ширум светот, добри вести доаѓаат од Саудиска Арабија, домаќинот на Светското првенство во 2034 година.

Имено, лидерите на оваа земја планираат официјално да ја укинат забраната за консумирање алкохол почнувајќи од следната година.

Оваа историска одлука означува крај на 74-годишната забрана, која во еден период вклучуваше јавно камшикување како казна за прекршителите.

Според владините најави, алкохолот ќе биде дозволен само во 600 специјално назначени туристички зони, кои вклучуваат луксузни хотели, одморалишта и лиценцирани објекти наменети за меѓународни посетители.

Оваа промена е дел од поширока стратегија за подготовка за Експо 2030 и Светското првенство во фудбал во 2034 година, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија.

ИЗДВОЕНИ