Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз освои околу 2.500.000 евра со победата во финалето на Ролан Гарос и спектакуларниот натпревар против Јаник Синер, но сега може да остане без голем дел од наградниот фонд.

Тој го освои својот петти грен-слем, успеа да се доближи до Синер, кој е прв на АТП-листата, но всушност ќе добие многу помалку пари од она што е напишано на чекот, бидејќи ќе мора да плаќа одредени даноци.

Според францускиот закон, Алкараз мора да се откаже од 30 проценти од својата заработка, што би значело дека би дал околу 800.000.000 евра. Сепак, тоа е сè што се однесува до даноците, бидејќи тенисерите плаќаат данок само на наградниот фонд во земјата каде што играат одреден турнир, а не кога ги префрлаат парите во своите матични земји.

Оваа сезона, Алкараз освои околу 3.500.000 евра пред Ролан Гарос, а Јаник Синер остана со 1.270.000 откако загуби во финалето на овој турнир. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше вкупно над 55.000.000 евра и расте секоја година.

Што се однесува до српскиот ас Новак Ѓоковиќ, тој доби 690.000 евра за пласман во полуфиналето. Кога од тоа ќе се одземат 207.000, што е 30 проценти помалку, тоа значи дека Новак има заработка од 483.000 евра од играњето на турнирот во Франција.

ИЗДВОЕНИ