EPA/JOHN G. MABANGLO

Познат првиот финалист на последниот грен слем турнир оваа година – САД Опен, а тоа е Шпанецот Карлос Алакараз.

Шпанецот во полуфиналето на турнирот во Њујорк, го елиминираше најдобриот тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови (6:4, 7:6, 6:2), по 147 минути игра.

Алкараз на тој начин успеа да стигне до мечот за трофејот без да загуби сет,и во финалето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, кој го елиминирираше Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6:1, 3:6, 6:3, 6:4.

ИЗДВОЕНИ