Деновиве повеќе од кога било се зборува за наследниците на „големата тројка“. Роже Федерер и Рафаел Надал, кој се пензионираа, а сигурно е дека Новак Ѓоковиќ е исто така на крајот од својата кариера. Наместо Србин, Швајцарец и Шпанец, се појавија некои нови деца и сега местото на тронот цврсто го држат Јаник Синер и Карлос Алкараз. Штом младиот Шпанец се појави на тениската сцена, се знаеше дека ќе биде одличен играч, а Џон Мекенро сега тврди дека е поталентиран од сите претходни.

Во 2022 година, Алкараз ја освои својата прва гренд слем титула, тоа беше на Отвореното првенство на САД, а многумина веруваат дека тој повторно би можел да се искачи на тронот на турнирот во Њујорк. Сепак, нема да биде лесно бидејќи Јаник Синер ќе биде еден од неговите главни конкренти, а треба да се напомене и дека Новак Ѓоковиќ е на страната на Шпанецот, така што и тоа би можело да биде потенцијален дуел.

Кога станува збор за браќата Патрик и Џон Мекенро, двајцата зборуваа за очекувањата на Отвореното првенство на САД. Патрик изјави за ESPN: „Му давам мала предност на Синер во моментов, иако кога ќе ги споредам еден со друг, наклонет сум кон Алкараз. Но, оваа година мора да се земе предвид фактот дека Синер освои два од трите главни турнири. Тој го освои Вимблдон за првпат и генерално е поконзистентен“, рече Патрик.

„Мислам дека Алкараз е во Њујорк мислејќи „добро, сега имам што да докажам“. Му давам мала предност на Синер, но мислам дека Алкараз е фаворит во нивните дуели“, истакна Патрик.

Што рече Џон Макинро за Синер и Алкараз?

Поранешниот тенисер истакна дека Јаник Синер и Карлос Алкараз се двајцата најдобри тенисери во моментов, но не се согласи со својот брат. Џон мораше да го даде својот суд, а тој гласеше – Алкараз е подобар во секој поглед. „Во секој спорт, сакате двајца одлични играчи кои играат најдобро што можат. Според мене, ако двајцата играат најдобро што можат, Карлос Алкараз е подобриот играч во секој поглед“, беше јасен.

„Карлос Алкараз, на 21 или 22 години, е најталентираното дете што некогаш сум го видел на тениски терен“, почна Мекенро за Алкараз пред да додаде: „Тоа е повеќе од Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за кои имам многу почит. Бев обожавател на Род Лејвер, играв против Пит Сампрас, овој човек е неверојатен кога е на теренот“, рече тој.

„Еден од најбрзите момци што некогаш биле на теренот, неверојатна личност, неверојатен став. Тој беше способен да го погоди секој можен удар – сè.“

Каков резултат имаат Синер и Алкараз во меѓусебните натпревари?

Синер можеби славеше и го освои Вимблдон, но Алкараз освои неверојатно финале на Ролан Гарос кое го доби со прсврт ико губеше 2:0 во сетови. Исто така, Шпанецот има уште една работа на своја страна – бројот на победи во меѓусебните натпревари. Овие двајца млади тенисери се сретнаа 14 пати, а Шпанецот победи девет пати, додека Италијанецот пет.

За да обезбедат уште една средба на големиот турнир, Алкараз и Синер ќе мора да одат чекор по чекор. А тоа значи дека Шпанецот ќе мора да го победи Лучијано Дардери, додека Италијанецот ќе го има Алексеј Попирин за свој ривал.

ИЗДВОЕНИ