
Патрик Муратоглу, поранешен тренер на Серена Вилијамс, Симона Халеп и Наоми Осака, вели дека младиот Шпанец, Карлос Алакараз, веќе надминал сè што е видено во историјата на белиот спорт во еден сегмент од играта:
– Алкараз има многу повеќе варијации во својата игра од Ѓоковиќ и Надал – изјави францускиот експерт за „Тенис 365“ .
Откако се префрли на тенис на земјена подлога, Шпанецот победи на 34 од 36 натпревари, освои титули во Монте Карло, Рим, Ролан Гарос и Квинс, а ги загуби финалињата во Барселона и Вимблдон.
– Неговиот тенис е сосема различен од нивниот – додава Муратоглу. – Ѓоковиќ и Надал градат поен многу подолго, додека Алкараз често решава ситуации со еден удар. Тој е повеќе удирач, но е многу интересен за гледање бидејќи прави толку многу работи добро. Тој знае како да ја скрати топката, да дојде до мрежата, да ја удри топката со неверојатна сила, да игра со феноменално чувство. Знае како да удира волеј, знае како да врати… И го прави сето тоа во текот на целиот натпревар. Навистина неверојатно. Никогаш не е здодевно да се гледа, секогаш се случува нешто.
Секако, без разлика колку е талентиран Карлитос, овој стил на игра има и свои слабости.
– Тој не е толку конзистентен како Рафа или Новак во нивниот врв, или сега Синер, кој е неверојатно стабилен во играта, но е многу поексплозивен.
Муратоглу посочува уште еден аргумент и придонес на Шпанецот.
– Неговото тело не е изградено како повеќето тенисери во врвот. Тие се повисоки и повисоки, потенки и потенки. Погледнете ги тенисерите од врвот: Ѓоковиќ, Синер, Зверев, Циципас, Медведев… Сите се исти, високи и слаби. Сите имаат одличен сервис бидејќи нивната висина и долгите раце им го дозволуваат тоа. Само Алкараз е исклучок, вели францускиот стручњак за Шпанецот, кој е висок само 1,83 метри.
Тој, исто така, вели дека новата генерација има карактеристики како споменатите тенисери:
– Јакуб Менсик е висок, Алекс Микелсен е висок. Жоао Фонсека исто така. Сите имаат сличен изглед на телото. Модерен, неверојатна моќ, неверојатен форхенд, многу брз. Тоа е новиот тенис.