Фредерик Фонтан, тренерот на канадскиот тениисер Феликс Оже-Алијасим, е многу задоволен од фактот што неговиот штитеник играше во финалето на Мастерс 1.000 во Париз, но не го крие возбудувањето за играта на победникот од тој натпревар Италијанецот Јаник Синер.
Кога го прашале што ги прави Јаник Синер и Карлос Алкараз толку доминантни и дали Оже-Алијасим еден ден би можеле да ги загрозат, тој вели:
– Двајцата отскокнуваа од неколку причини – истакнува францускиот експерт за „Л’Екип“. – Карлос има голема разноврсност во играта, многу е офанзивен, може да игра многу различни удари. Јаник е многу конзистентен, сè што прави е многу добро, сè работи многу брзо без голема потрошувачка на енергија. Тој е Ѓоковиќ, дути и подобар од него во некој сегменти на играта. Сервира подобро, има побрз форхенд…
Поранешниот 59-тиот тенисер во светот, истакнува колку Синер напредувал во последните месеци.
– Неговиот форхенд е многу подобар. Додадена е разноврсност, сега многу повеќе го користи дроп ударот. Сепак, неговото најголемо подобрување во последните години е неговата физичка подготвеност. Сега е во состојба да постави силно темпо и да го одржува без многу замор.
И против Синнер и против Алкараз, Оже имаше предност на почетокот. Го победи Италијанецот во првите два натпревари, а потоа ги загуби следните три. Против Шпанецот водеше со 3:0, а сега е 3:4.
– Феликс не е деморализиран од ваквите пресврти. Не му беше лесно кога првпат загуби од Карлос, но сфати дека мора да игра со нив што е можно почесто бидејќи само така може да напредува.
Оже-Алијасим беше шести во светот пред три години, по долга пауза се врати во првите десет и сега е осми.
– Добро започна, особено затоа што беше многу млад во тоа време, но беше спречен од повреда на коленото – објаснува Фонтан. – Имаше и некои технички и тактички проблеми што требаше да се поправат. Го поправивме и сега е повторно на врвот.












