Никогаш не се случило еден тенисер да ја заврши годината како прв во светот, а друг да биде перципиран од многумина како најдобар во таа сезона. Истото може да се каже и за 2025 година. Шпанецот Карлос Алкараз официјално е број 1 за годинава, но впечаток е дека Италијанецот Јаник Синер бил најдобар во изминативе 12 месеци.
– И покрај дури тримесечното отсуство од турнирите, Синер речиси ја заврши годината на првото место – истакна Андреа Петковиќ, поранешната деветта тенисерка во светот, во поткастот со Борис Бекер.
Секако, тоа е казна поради допинг-аферата од минатата година, за која беше казнет Италијанецот само на три месеци. Мораше да прескокне дури четири мастерс 1.000 (Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид), но ја заврши сезоната зад Алкараз, со само 550 поени. Со оглед на формата што ја покажа во 2025 година, јасно е дека лесно ќе беше прв сега ако не беше таа казна. Само едно финале на тие четири турнири ќе му беше доволно да го прескокне Алкараз и ќе беше фаворит на сите четири.
– Тимот на Јаник одлично се справи, иако тие три месеци ги помина во многу комплицирани околности. Не можеше да тренира во официјални клубови, туку само во приватни. Не му беше дозволено ни да тренира со активни играчи. Навистина неверојатно тешки услови за врвен професионалец. Неговото враќање во Рим беше сензационално. За мене, тој е ментално најсилниот играч на турнирите – кажа Петковиќ.
Уште неколку детали покажуваат колку беше одличен Синер оваа година, особено на крајот од неа. Од убедливиот пораз против Алкараз во финалето на Отвореното првенство на САД, тој не загуби ниту еден натпревар. Му се одмазди на Шпанецот во финалето на турнирот „Шестемина кралеви“ и на завршниот мастерс во Торино.
Тоа е уште еден одличен доказ за неговиот неверојатен начин на размислување. Секогаш кога мислите дека е во лоша ситуација, тој игра уште подобро. Можеби, уште посилен доказ за неговата феноменална психолошка сила е фактот што неговиот пораз во финалето на Ролан Гарос не само што не го скрши туку и го направи посилен. Во Париз, тој не го искористи водството од 2:0 во сетови и трите меч-топки во четвртиот дел, но пет недели подоцна се одмазди против Алкараз, во финалето на Вимблдон, иако Шпанецот беше фаворит.
Но, силата на Синер не е само во неговата глава, туку и во неговиот рекет. Тој ја заврши годината со најдобра статистика кога станува збор и за сервисот и за повратните удари, што е навистина реткост. Многу е ретко еден играч да ги има двата удари толку различни во толку многу аспекти, најдобри на турнирите цела сезона.












