EPA/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, стана најмладиот тенисер што некогаш ги освоил сите четири гренд слем титули. Тој го освои таканаречениот кариерен гренд слем со победата над Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен.

Шпанецот така стигна до седмата гренд слем титула во својата кариера, но првата во Мелбурн за соборување на рекордот како најмлад тенисер кој се закитил со титулите на сите четири гренд –слем турнири.

Шпанецот му ги расипа сметките на најдобриот тенисер во историјата Србинот Новак Ѓоковиќ, да стигне до рекордна 25. гренд слем титула, победувајќи го со 2:6, 6:2, 6:3, 7:5. Претходниот рекордер како најмлад осоцојувач на сите титули од гренд – слем турнирите беше во сосптвеност на неговиот сонародник Рафаел Надал, кој беше на трибините на Род Лејвер Арената за овој натпревар.

„Бикот од Мајорка“ имаше 24 години и речиси четири месеци кога го освои САД Опен во 2010 година, а Карлитос сега има 22 години и малку повеќе од осум месеци.

„Прво сакам да му се обратам на Новак, тој заслужуваше стоечки овации, секако. Зборуваш за тоа како правам извонредни работи, но она што го правиш е инспиративно. Не само за тенисерите, туку и за сите спортисти, сите луѓе во светот, за мене. Работиш напорно и како што треба секој ден каде и да се појавуваш, играш толку добар тенис, многу ми се допаѓа начинот на кој играш. Чест ми е да ја делам соблекувалната и теренот со тебе, но и да те гледам како играш. Ти благодарам за она што го правиш затоа што навистина ме инспирира, кажа Алакарас по победата.

Српскиот тенисер по поразот шмекерски му се обрати на Алкарас, го прегрна веднаш по финалето и беше многу среќен што го виде Рафаел Надал на трибините на оваа средба.

Прво, честитки Карлос, неверојатен турнир, две недели со тимот, она што го правиш најдобро го опишува зборот историско, ти посакувам многу среќа во твојата кариера. Сигурен сум дека ќе се видиме уште многу пати во следните 10 години. Морам да му се заблагодарам на мојот тим што ме трпеше, што ме поддржуваше, не беше лесно пловење, вие сте таква поддршка, го видовте најдоброто и најлошото од мене во последните три недели, овој успех е и ваш – рече Новак.

Потоа се сврте кон Рафаел Надал.

– Би сакал да му се обратам на легендарниот Рафа кој е на трибините. Чудно е да те видам таму, а не тука. Беше чест да го делам теренот со тебе, чудно е што сега си на трибината. Имав впечаток дека бевте двајца против еден, не е фер, но во ред – се пошегува Ѓоковиќ.

Шпанецот за победата заработи 4.150.000 австралиски долари, што е околу 2,8 милиони американски долари, а Србинот ќе добие и 1.447.165 американски долари.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ