epa12673374 Carlos Alcaraz of Spain in action during the men's third round match against Corentin Moutet of France on day 6 of the 2026 Australian Open tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 23 January 2026. EPA/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Светскиот тениски рекет број еден, Шпанецот Карлос Алкарас, пред натпреварот со Томи Пол на првиот гренд слем турнир на Отвореното првенство на Австралија, беше принуден да го извади уредот од зглобот. Станува збор за „Whoop“, напредна паметна нараквица фокусирана на следење на здравјето, спиењето, а не само на прикажување на времето.

Судијата Марија Чичак виде дека Алкарас ја носи под потникот, принудувајќи го да ја извади, а веднаш потоа се јави и Вил Ахмед, основачот на „Whoop“.

„Смешно! ’Whoop’ е одобрен од Меѓународната тениска федерација за употреба за време на натпреварите и не претставува ризик за безбедноста. Спортистите нека ги мерат своите тела. Податоците не се стероиди“, напиша Вил Ахмед.

Јаник Синер, исто така, коментираше за оваа ситуација.

„Постојат одредени податоци што би сакале да ги следиме на теренот. Повеќе се работи за тоа што можете да видите по натпреварот. Ова се податоци што би сакале да ги користиме и на тренинг. Пулс, колку калории согорувате“, рече Синер.

Светскиот женски тениски рекет број еден, Арина Сабаленка, исто така го имаше истиот проблем како Алкарас во својот прв натпревар на турнирот.

ИЗДВОЕНИ